Јувентус го гледа Николо Заниоло од Рома како потенцијална замена за Дибала

Екипата на Јувентус ќе се обиде да го доведе Николо Заниоло од Рома, доколку аргентинскиот напаѓач Пауло Дибала навистина го напушти Торино како слободен играч по крајот на сезоната, пренесуваат италијанските медиуми.

„Бјанконерите“ веќе подолго време покажуваат интерес за 22-годишниот напаѓач Заниоло кој има актуелен договор со Рома до јуни 2024 година, но тоа не би претставувала пречка за евентуален трансфер доколку Јувентус навистина се одлучи за негов ангажман.

Заниоло оваа сезона настапи на 24 натпревари за Рома во сите натпреварувања, и успеа да постигне 3 гола и запише 3 асистенции.