Одбројани деновите на Де Зерби во Марсеј

Уверен во своите квалитети, италијанскиот стратег Роберто де Зерби неодамна рече дека му се допаѓа Марсеј и би останал со години таму, но дојде до ситуација во која тој не се прашува.

Марсеј синоќа доживеа дебакл на гостувањето кај ПСЖ каде загуби со 5-0.

Таквиот резултати ги вознемири навивачите, но и раководството на клубот. Се шпекулира дека Де Зерби би можел да добие отказ.

Веројатно нема да добие веднаш, но поразот од ПСЖ дефинитивно го расниша неговото столче и со внимание ќе се следи секој негов следен резултат.