„Ѕвездите на САД“ се победници на Ол-Стар мечот

Тимот на „Ѕвездите на САД“ победи на НБА Ол-стар турнирот откако славеше со 47:21 над вториот состав на кошаркари од САД. „Тимот на светот“ ги загуби двата натпревари.

Годинава конечно промени во однесувањето на кошаркарите. Видовме и игра во одбрана, четири натпревари, три екипи и вкупно 48 минути уживање во кошарката, бидејќи сите играчи имаа заедничка цел и мисија, а тоа беше да го вратат сјајот на ремек-делото на средина на сезоната.

„Ми се допаѓа овој формат“, рече Ентони Едвардс, без многу објаснување, откако ја освои наградата за најкорисен играч.

Овој пристап беше поддржан и од Виктор Вембањама, кој во текот на целата недела нагласуваше дека сака да поттикне инспирирана и конкурентна игра.

Со три екипи и скратени натпревари од 12 минути во кружен систем, немаше простор за опуштање.

Индивидуалниот настап на вечерта му припадна на играчот кој најдобро се снајде во позната атмосфера. Кавај Ленард, единствениот Ол-стар на Лос Анџелес Клиперс постигна 31 поен за само 12 минути игра. Тимот на светот не се пласираше во финалето, но е јасно дека иднината на тимот е во сигурни раце – во рацете на Виктор Вембањама.