Слот најави враќање на Исак на терените

Предводникот на „црвениет“, Арне Слот вели дека Александер Исак добро се опоравува од повредата и очекува напаѓачот да почне да тренира со полна пареа на крајот од март или почетокот на април.

Александер Исак во декември месец заработи фрактура на левата нога, го оштети и скочниот зглоб па мораше да направи операција.

Арне Слот сега откри дека рекордното засилување од 125 милиони фунто се опоравува добро, и доколку се оди според планот, напаѓачот ќе почне да тренира со полна пареа на крајот од март или почетокот на април.

„Се надевам дека ќе се врати на тренинг на крајот од март или почетокот од април“ – вели предводникот на „црвените“.

„Но тоа што ќе се вратите да тренирате со останатите не значи дека сте подготвен за настап, а уште помалку да бидете стартер. Со месеци ќе биде надвор од теренот, и последен пат кога беше подолго во аут, видовме дека му треба време да влезе во форма“.

Холанѓанецот на крајот порача дека вистинскиот Александер Исак навивачите најверојатно ќе го видат дури следната сезона.