Младинскиот спорт добива европска димензија – Македонија стана дел од меѓународната платформа „Плазма Спортски игри за млади“

Денес во Владата на Република Македонија, официјално беше потпишан договорот меѓу претседателката на Федерацијата на училишни спортови на Македонија, Елена Мицковска и претседателот на Плазма Спортски игри за млади, Здравко Мариќ со кој Македонија стана дел од оваа најголема младинска спортска манифестација во Европа што се одржува покровителство на Меѓународниот олимписки комитет, Европската комисија и други важни организации, кои имаат за мисија да ги поместат границите на младинскиот спорт.
На свеченото потпишување на договорот присуствуваа и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за спорт, Борко Ристовски, меѓународниот тим на Игрите и високи претставници од политичката и бизнис заедницата, како и меѓународни претставници – поранешниот еврокомесар и актуелен амбасадор на Игрите, Јоханес Хан, како и евромесарот Магнус Брунер. Меѓу гостите беа и истакнати спортски легенди кои се заштитни лица на Игрите – Славен Билиќ, Жељко Обрадовиќ, Предраг Мијатовиќ, Шиме Врсаљко и пријателите на Игрите од Македонија – Игор Ангеловски, Гоце Седловски, Петар Наумоски, Индира Кастратовиќ и Игор Стефановски-Иџе. Македонија со овој договор им се приклучи на Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Словенија во големото спортско семејство на „Спортските игри за млади“, манифестација која годинава прославува тридецениски јубилеј.