Ефремовски: Сега фокусот е на Азербејџан

Македонскиот кошаркарски тим со победата над Луксембург ја продолжи серијата во претквалификациите за Евробаскет 2029. Повратник во репрезентацијата е Виктор Ефремовски, кој беше и изненадување за одбраната на противникот и набрзина постигна десет поени, а потоа со тројка го заокружи натпреварот со 13 поени.

Немавме многу време за работа со селекторот, но тој паметно го искористи секој момент и резултатот што го постигнавме за само неколку дена е навистина за почит. Одиме напред, чекор по чекор. Задоволен сум од мојата игра и од играта на останатите, сите вложивме голем труд. Сега фокусот е на она што следи, дуелот со Азербејџан, и очекувам уште подобро наше издание во Баку, изјави Ефремовски.

Македонските кошаркари дуелот со Азербејџан го играат во понеделник со почеток во 17:00 часот.