Јакимовски: Македонија може до нова победа

Во очекување на утрешниот дуел со Азербејџан во Баку, еден од најдобрите македонски кошаркари, Андреј Јакимовски, потенцираше дека добро знаат со каква репрезентација ќе се сретнат утре.
„Игравме со нив дома, знаеме какви играчи има, каква репрезентација е. Се надевам дека ќе одиграме добар натпревар. Јасно ни е на сите дека имавме краток временски период за подготовка, но сепак мислам дека можеме да одиграме добро и да се вратиме со победа. Против Луксембург во нападот имавме одредени проблеми, но мислам дека тоа е нормално, бидејќи имавме само неколку тренинзи со новиот селектор. Тој си има свој систем и начин на работа, но невозможно е за само четири дена сето тоа да профункционира“, изјави Јакимовски.