Домен Превц е дисквалификуван и остана без победа во Лахти

Словенечкиот ски-скокач Домен Превц беше дисквалификуван веднаш по победата на натпреварот од Светскиот куп во Лахти.

Превц триумфираше со скок од 129 метри и зад себе го остави второпласираниот Германец Филип Рајмунд со речиси десет бода разлика, но победата му беше одземена по контролата на опремата.

Причината за дисквалификацијата биле скиите, кои биле за еден сантиметар подолги од дозволеното.

Според правилата, должината на скиите зависи од телесната тежина на натпреварувачот, а строгата проверка утврдила дека Превц бил премногу лесен за скиите што ги користел, поради што неговиот резултат автоматски бил поништен.

Иако веќе го има обезбедено Големиот кристален глобус за вкупна победа во сезоната, дисквалификацијата го чинеше Превц можност да постави апсолутен рекорд.