Струга Трим Лум до врв ја наполни мрежата на Шкупи

Струга Трим Лум стигна до првата пролетна победа откако го совлада Шкупи на домашен терен со 5-0. Разликата во класа е и повеќе од очигледна, гостите и понатаму остануваат на само еден освоен бод, а стружани по слабиот старт на пролетта конечно стигнаа и до првиот триумф.

Домаќинот стигна до водство со голот на Христијан Малески во воведната фаза од мечот, а капитенот Буњамин Шабани зголеми на 2-0 пред крајот на првото полувреме.

Мазулихис во 50.минута постигна трет гол за Струга ТЛ, а до крајот во листата на стрелците се запиша и Басиру Компаоре.