Три премиерлигаши го сакаат Елмас во своите редови

Ni Napoli 14/01/2026 – campionato di calcio serie A / Napoli-Parma / foto Nicola Ianuale/iImage Sport nella foto: Eljif Elmas

Иднината на Елиф Елмас во Наполи останува една од најжешките теми пред претстојниот летен преоден рок во Италија. Македонскиот играч од средниот ред, кој моментално е поврзан со клубот со договор со опција за откуп, е предмет на стратешки евалуации од страна на клубот од Неапол. Опцијата за откуп, поставена на 16 милиони евра, е првично договорената меѓу Наполи и РБ Лајпциг. Сепак, сè уште не е сигурно дали италијанскиот клуб ќе ја искористи опцијата според договорените услови. Ситуацијата останува отворена и би можела да се развива во наредните недели, но доколку Наполи не реагира навреме, за Елмас веќе почнаа да кружат гласини за интерес од неколку силни премиерлигашки клубови.

„Тутомеркато“ пишува дека Манчестер Јунајтед „загриза“ за Елмас, но покрај „црвените ѓаволи“ за него интерес има и кај Нотингем Форест и Њукасл. Наполи внимателно ја проценува инвестицијата, земајќи ги предвид неколку фактори поврзани и со перформансите на играчот и со нивните трансфер стратегии за следната сезона. Наполи наводно размислува повторно да преговара за откупната цена со германскиот клуб и ако е можно да ја спушти откупната цена.