Хамилтон: Мерцедес има предност на отворениот дел на патеката

Возачот во Формула 1, Луис Хамилтон, се сомнева дека неговиот Ферари ќе може да ја добие битката со возачите на Мерцедес на утрешната трка за Големата награда на Кина.
„Според нашите податоци, тие имаат предност од 0,4-0,6 секунди во темпото на трката. Не е важно дали го видовме тоа во спринтот или не. На чиста патека, тие се во предност“ – рече Британецот.
„Можеби ќе можеме да направиме нешто стратешки или ќе надоместиме заостанување на стартот“ – изјави Хамилтон кој во квалификациите го освои третото место.