Облак на дополнителни прегледи, виси за реваншот со Тотенхем

Првиот чувар на мрежата на Атлетико Мадрид, Јан Облак, се соочува со повреда која може да го одалечи од стадионите, најавија дел од медиумите во Шпанија.
Интернационалецот од Словенија го напуштил предвреме тренингот поради истегнување на мускулот. Тој нема да биде на списокот за денешниот меч со Гетафе во ла Лига.
Останува дилемата дали Облак ќе може да игра на реваншот со Тотенхем во Лигата на шампионите закажан за 18 март во Англија. Неговиот тим во првата средба славеше со 5:2.