Реал и вторпат го совлада Сити, нов дебакл на Челзи со ПСЖ

Реал Мадрид рутински ја одбрани предноста од 3-0 која ја оствари на Бернабеу, денеска го победи Сити со 2-1 и се пласираше во следното коло од нокаут фазата, во четвртфиналето оди и ПСЖ кој со 3-0 го победи Челси на Стемфорд Бриџ и го елиминираше со вкупни 8-2, Арсенал е единствениот англиски тим кој денеска избори четвртфинале, тие со 2-0 го совладаа Баер Леверкузен.

Сите дилеми од двобојот меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид беа решени во 20. минута кога Бернардо Силва доби црвен картон, а за Реал Мадрид беше досуден пенал. Винисиус даде гол за водство од 1-0.

Во финишот од првиот дел Манчестер Сити преку Халанд го изедначи резултатот на 1-1.

Пред последниот судиски свиреж Винисиус даде уште еден гол, овојпат за победа од 2-1. Реал Мадрид со вкупни 5-1 се пласираше во четвртфиналето.

ПСЖ во Лондон отпатува со предност од 5-2, но Челси уште еднаш загуби со три голови разлика.

Кварацхелија, Баркола и Маулу беа стрелци на головите за францускиот тим кој буквално го понижи актуелниот светски шампион давајќи му осум голови вкупно во двете средби.

Честа на Англичаните ја одбрани Арсенал кој со 2-0 славеше над Баер Леверкузен и со вкупни 3-1 оди понатаму.

Головите ги постигнаа Езе во 36. минута и Рајс во 63. минута.

Пред овие три меча, Спортинг по 120 минути игра го победи Бодо/Глимт со 5-0 и со вкупни 5-3 го елиминираше од Лигата на шампионите.