Јуве в лето ќе се раздели со Џонатан Дејвид

Јувентус е подготвен да го отвори прашањето за заминувањето на Џонатан Дејвид ова лето, бидејќи неговиот престој во Торино е крајно разочарувачки.

Според „Газета дело Спорт“, канадскиот репрезентативец се мачи да остави впечаток откако пристигна како слободен играч, што го натера клубот да размисли за негова продажба за сума од околу 30 милиони евра. Проценката одразува значителен пад на неговата пазарна цена, што во голема мера се должи на неговата намалена улога во тимот.

Под водство на Лучано Спалети, Дејвид е зад Џереми Бога. Со оглед на тоа што менаџерот фаворизира други профили на играчи за напаѓачката линијата, недостатокот на постојана минутажа и резултати од страна на Дејвид го претвори во споредна опција. Тоа веројатно ќе биде знак и за Канаѓанецот да прифати трансфер ова лето.