Анти рекордот на Челзи – осум гола во европски двомеч

Челзи синоќа испиша уште еден клупски анти-рекорд. Имено, „сините“ примија осум гола во двомечот со ПСЖ што е првпат во нивната историја .
Тимот предводен од Лиам Розениор загуби од ПСЖ во 1/8 финалето од Лигата на шампионите со вкупен резултат од 2-8 (2-5, 0-3).
Челзи никогаш претходно не примил осум гола во двомеч, вклучувајќи ги домашните и европските натпреварувања.