Барса се вклучи во трката по Салах

Сè уште не е познато каде 33-годишникот Мохамед Салах ќе ја продолжи кариерата. Постојат огромни шанси неговата нова дестинација да биде Саудиска Арабија, но се појави уште една опција тоа е Барселона.

Извори блиски до каталонскиот клуб наведуваат дека Барса е подготвена да реагира и да го доведе Салах во текот на летото. Во нивна корист е фактот дека тоа доаѓа без обештетување.

„Барселона има шанса да го потпише Мохамед Салах. Тој е поврзуван со клубот со години, последниот пат минатата година“, се вели во него. Сепак, многу поизвесно е дека Египќанецот ќе оди во Саудиска Арабија.

Ал-Наср е тимот кој подготви понуда од над три милиони евра месечно за него, а тоа е бројка што е тешко да се одбие во овој момент. Исто така, постои интерес и од Ал-Итихад.