Голема победа на Пелистер на теренот на шампионот

Фудбалерите на Пелистер успеаја да приредат изненадување и на гости во Теотово ја победи Шкендија со 2-1.

Шкендија подобро почна создаде повеќе прилики, но кога не ги искористи своите шанси стигна казната. Искусниот Спировски казни една грешка во одбраната на домаќините и во 37-та минута погоди за 1-0.

Шкендија успеа да израмни во финишот од првиот дел преку Ибраими.

Во второто полувреме продолжи иницијативата на тетовци, се играше пред голот на Пелистер, меѓутоа реализација немаше. Слично како и во првиот дел, Пелистер сега во последните минути преку Керим ги казни промашувањата и дојде до победа.

Вардар сега со победа на Македонија Ѓорче Петров денеска може да дојде до предност од три бода на врвот.