Сабаленка нема да настапи на турнирот во Штутгарт

Најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка се повлече од ВТА турнирот закажан за идната недела почнува во Штутгарт поради повредата што ја здоби во финалето во Мајами во кое пред две недели во ја освои титулата со победа над Коко Гоф со 6-2, 4-6, 6-3.
„За жал, се повредив во Мајами и иако сторив сè да се опоравам навреме, не сум подготвена за натпреварувачки тенис. Секогаш уживам да доаѓам во Штутгарт поради атмосферата, навивачите и поддршката што ја чувствувам“, објави Сабаленка, без да прецизира за каква повреда станува збор.
Сабаленка досега во кариерата нема титула во Штутгарт, иако четири пати дојде до финалето.
Во 2021 година беше поразена од Ешли Барти, во 2022 и 2023 година од Ига Швјотек, а во 2025 година од Елена Остапенко.