Синер и Алкараз ќе играат за титулата во Монте Карло

Првиот и вториот тенисер во светот, Карлос Алкараз и Јаник Синер, ќе се борат за трофејот на Мастерсот во Монте Карло за прв пат во недела, а во тоа финале Шпанецот ќе ја брани титулата освоена минатата година и водечката позиција на поединечната АТП ранг-листа.
Алкараз стигна до второто последователно финале во Монако, а 35-то вкупно во кариерата, победувајќи го локалниот фаворит Валентино Вашеро со 6-4, 6-4 за 84 минути.
Во првото полуфинале, Синер го победи Германецот Александар Зверев со 6-1, 6-4.
Тоа беше нивна трета последователна средба во полуфиналето на турнирите Мастерс 1000, а Синер ги доби сите три.
За Италијанецот, финалето во недела ќе биде 36-то во неговата кариера, прво во Монте Карло и трето оваа година.