Баерн доминантно во финалето на германскиот Куп

Баерн Минхен го победи Баер Леверкузен со 2-0 во полуфиналето на Купот на Германија и се пласираше во финалето по 25-ти пат.

Тимот од Минхен е клубот со најмногу титули во Купот на Германија, со 20 победи. Интересно е тоа што тимот од Минхен се пласираше во финалето на Купот на Германија за прв пат од 2020 година. Во 2020 година, Баерн Минхен се соочи со Баер Леверкузен во финалето и победи со 4-2.

Клубот од Минхен е непоразен од 24 јануари 2026 година. Порано оваа година, Баерн загуби со 2-1 од Аугсбург во 19-то коло од Бундеслигата. Тимот на Винсент Компани загуби два од своите 47 натпревари оваа сезона. Еден од нивните порази беше и од Арсенал во Лигат ана шампшионите со 3-1.

Штутгарт и Фрајбург ќе се сретнат во реваншот од полуфиналето на Купот на Германија. Натпреварот е закажан за 23 април.

Актуелен освојувач на Купот на Германија е Штутгарт, кој го освои трофејот во сезоната 2024/2025 победувајќи ја Арминија со 4-2 во финалето.