„Ѕвезда во подем“ на Евролигата е Жан Монтеро од Валенсија!

Кошаркарот на Валенсија Жан Монтеро, официјално е прогласен за најдобар млад играч оваа сезона во Евролигата, објави сајтот на елитното натпреварување
22-годишниот Монтеро стана прв играч кој ја освои наградата „ѕвезда во подем“, и тоа во двете најсилни европски натпреварувања – Еврокупот и Евролигата.
Репрезентативецот на Доминиканската Република оваа сезона одигра 32 натпревари во елитата, просечно бележејќи 13,7 поени, 3,6 асистенции и 2,8 скока по натпревар, со индекс на корисност од 16,4.
Второто место во оваа категорија му припадна на Салиу Нијанг од Виртус Бочоња, а трет на листата е Серхио Де Лареа од Валенсија.