Ѓоковиќ планира да игра на Олимписките игри во 2028 година

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, беше гостин и презентер на престижната награда „Лаурес“ за спортист на годината.
Наградата за најдобар во 2025 година ја понесе шпанскиот тенисер Карлос Алкараз, а во таа пригода, Ѓоковиќ зборуваше со присутните медиуми за неговиот претстоен настап на Олимписките игри во 2028 година во Лос Анџелес.
– Нема поголема чест од тоа да ја претставувам Србија, мојата земја, на Олимписките игри – рече Новак, кој го освои златниот медал во Париз во 2024 година победувајќи го Карлос Алкарас во финалето.