Ираола има понуди од сите страни: Премиерлигашите и Ајакс го сакаат на својата клупа

Шпанскиот тренер Андони Ираола ќе го напушти Борнмут по истекот на договорот на крајот од сезоната, а сè уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата.
Неговата желба и амбиција е да остане во Премиерлигата, моментално „флертува“ со Челси, но не е единствената опција за „сините“. Тоа сака да го искористи Ајакс! Новиот спортски директор сака да го врати Ајакс на големата европска сцена, да ја врати титулата во Амстердам и верува дека Ираола е вистинскиот човек за тоа.
Ираола ја градел кариерата во Рајо Ваљекано, а одличната работа во Шпанија го препорача на Борнмут, каде постигна историски успеси.
Што се однесува до Ајакс, сите знаат дека станува збор за европски гигант, четирикратен шампион на Европа (1971, 1972, 1973 и 1995 година), но сепак, големо прашање е дали Ередивизија го привлекува Ираола во моментов.