Тиквеш најави казна заради транспарентот на навивачите

ФФМ по разни основи покрена дисциплинска постапка против екипата на Тиквеш. Станува збор за однесувањето на домашната публика на дуелот против Арсими, употреба на пиротехнички средства, како и истакнување на банер со навредлива содржина.

Пред дисциплинската комисија е предаден и Имран Фетаи, играчот на Шкендија како и неговиот тренер, Јетон Беќири. Фудбалерот по дуелот со Силекс во Кратово, оштетил дел од инвентарот во службените простории.

Тренерот пак на Шкендија, Јетон Беќири, со навредливи зборови се обратил кон полицијата, било наведено во записникот.