Адама Кеита од АЕК Атина ќе го засили Охрид

Тренерот на ракометарите на Охрид, Борис Ројевиќ, откри дека левото крило, Адама Кеита, ќе биде еден од новите играчи за наредната сезона.

„Можам да кажам дека доаѓа Адама Кеита, поранешен играч на Пари Сен Жермен кој две сезони ги бранеше боите на АЕК. Ќе видиме дали ќе можеме да го задржиме Јасухира и дали ќе доведеме некој друг“ – истакна Ројевиќ.

Кеита кој неколку сезони настапуваше за „светците“ во Франција, сигурно ќе биде големо засилување за македонскиот состав.