Македонските кикбоксери освоија 15 медали на Европскиот куп „Вараждин опен“

Македонските кикбоксери остварија нов голем успех на меѓународната сцена, откако на Европскиот Куп „Вараждин Опен“ во Хрватска освоија 15 медали.
На овој турнир нашите натпреварувачи се закитија со два златни, пет сребрени и осум бронзени.
Злато освои членот на Клубот Гладијатор – Скопје, Силвио Мировски (сениори) во категоријата -71 кг. во лоу кик.
Златен медал има и Калин Бабоски (постари кадети), членот на Клубот Адора – Скопје во категоријата 63,5 кг. во лоу кик.
Бабоски оствари победи над Израелците Хадоми Абас (3:0) и Самер Омар (3:0) и против Еван Колинс од Република Ирска (3:0).
Најуспешна земја на Европскиот куп беше Унгарија со 50 златни медали, 64 сребрени и 66 бронзени.