Сензација во Рим: Анонимен Хрват го елиминира Ѓоковиќ

Четвртиот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, не успеа да се пласира во третото коло на Мастерсот во Рим, откако вечерва загуби од Хрватот Дино Прижмиќ во три сета со 6-2, 2-6, 4-6.
Најуспешниот тенисер на сите времиња и шесткратен освојувачот на турнирот во Рим беше поразен од 79-от тенисер на АТП листата по два часа и 17 минути.
„Тешко ми е да кажам нешто. Новак е мојот идол, имам голем респект кон него. Играв неверојатно. Но, сакам да останам смирен и да се подготвам за следниот натпревар“, рече по триумфот Прижмиќ, кој го изрази своето почитување кон најуспешниот тенисер на сите времиња и со порака „Ноле, беше задоволство“, што ја напиша на камерата, како што вообичаено прават победниците на натпреварите на главните терени на турнирите од серијата Мастерс 1000.
Во третото коло, Прижмиќ ќе игра против победникот од дуелот Ембер – Коприва.