Меси ја издвои Франција како прв фаворит на Мундијалот

Капитенот на аргентинската репрезентација, Лионел Меси, зборуваше за фаворитите пред претстојното Светско првенство и рече дека „гаучосите“ нема да имаат лесна работа во одбраната на титулата освоена во Катар во 2022 година.
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња посочи неколку селекции кои, според него, го чекаат турнирот во одлична форма и со реални шанси да стигнат до трофејот.
„Мора да разбереме дека освен нас има и други фаворити кои доаѓаат на турнирот во добра форма. Франција е повторно многу силна и има многу играчи од врвно ниво“, рече Меси и продолжи:
„Тука се и Шпанија и Бразил. Иако Бразил не играше најдобро некое време, тие секогаш се кандидат за освојување на титулата. Мислам дека и Португалија има многу конкурентен тим.“
Претстојното Светско првенство ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули 2026 година во САД, Канада и Мексико.
Турнирот ќе го отвори репрезентацијата на Мексико против Јужна Африка на стадионот „Ацтека“ во Мексико Сити, додека финалето е закажано за 19 јули на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси.