Голеада во Битола, Шкупи со полна мрежа замина од стадионот „Петар Милошевски“

Пелистер ја искористи шансата за да стигне до три нови бода во борбата за опстанок совладувајќи го „фенерџијата“ Шкупи во натпревар кој беше најефикасен за битолскиот тим оваа сезона.

Почетокот на средбата не навестуваше расплет со многу голови, првенствено можеби дека битолскиот тим започна без чифт стандардни првотимци, како капитенот Мирко Ивановски и најефикасниот играч на екипата оваа година, Лука Булатовиќ. На стартот на мечот имаше обид по акцијата на Керим и Петковски во втората минута, како и на Филип Петровиќ во петтата минута. Петковски се обиде уште еднаш во 7 минута, а најзрелата шанса ја имаа гостите во 10 минута кога Зибери се обиде од половина терен да го казни излезениот Јовчевски, но не беше доволно прецизен.

Првиот гол се случи во 25 минута, по акцијата во која што Филип Петровиќ беше правовремено проигран и биеше прецизно за да го постигне својот прв гол во ПМФЛ. Уследија уште два гола во следните две акции: најпрво во 31 минута Спировски од средината на теренот го проигра Петковски кој реализираше без проблем, а потоа во 39 минута по продорот на Србијанац по левата страна, повторно Филип Петровиќ доби асистенција која успеа да ја претвори гол. На самиот истек од времето во првиот дел, Петковски со втор гол зголеми на 4:0 и победата на Пелистер делуваше дека е завршена работа.

Во вториот дел, малку фалеше да дојде нов гол во мрежата на Сефер Муслиу во 49 минута, но ударот на Филип Петровиќ со глава беше стопиран од голманот, а одбиената топка заврши во пречката.

Тренерот на битолскиот клуб, Марјан Секуловски им даде шанса и на некои помлади фудбалери, кои возвратија со уште погодоци. Во 70. минута Мрмачовски се запиша во листата на стрелците, а Михајо Петровиќ го направи истото десет минути подоцна. За обајцата тоа беше дебитантски гол во дресот на Пелистер и воопшто во македонското првенство. Конечните 7:0 дојдоа по нова акција во 86 минута, од која Филип Петровиќ повторно извади максимум за да комплетира хет-трик.

„Зелено-белите“ сега имаат 36 бода и го делат осмото место со АП Брера која има ист број бодови, но натпревар помалку (утре го пречекува Работнички во натпревар кој може да биде пресуден во борбата за опстанок).

Пелистер по оваа деветта победа сезонава до крајот на пр