Шпанецот Хорхе Мартин победи во главна трка по пауза од 588 дена

Возачот на Априлија, Хорхе Мартин, триумфираше на Големата награда на Франција, петтата трка во сезоната во шампионатот Мото ГП.
Шпанецот заврши совршен викенд во Ле Ман, каде што славеше во спринтот претходниот ден. Мартин, во Ле Ман, ја забележа првата победа во главна трака уште од шампионсата сезона. 588 дена мина од неговата победа 29 септември 2024 година во Индонезија.
Во меѓусебниот дуел за победа, Мартин беше подобар од тимскиот колега Марко Бецеки, кој беше помалку од секунда подалеку на целта. На третото скалило на подиумот беше возачот на Тракхаус, Аи Огура, кој го постигна својот најдобар резултат во кралска кариера, а во исто време ѝ овозможи на Априлија да го пополни целиот подиум за прв пат во историјата на тимот.
Се очекуваше дожд, но не пристигна во Ле Ман за трката од кралската класа. Наместо тоа, Мартин пристигна во своето најдобро издание. Шампионот од 2024 година, стартуваше од седмата позиција, која ја задржа по стартот, а потоа почна да се пробива во поредокот.
Спактакуларното возење на Мартин кулминираше во 16-от круг, кога го престигна, во тој момент лидерот Бецеки.
Трката во Ле Ман беше обележана и со тешкиот пад на возачот на Гресини, Алекс Маркез, кој не сакаше да го пушти својот мотоцикл по вртењето, но се чини дека од сè излезе без повреда.
По трката во Ле Ман, а во пресрет на Големата награда на Каталуња, Бецеки води во генералниот пласман со 128 бода, еден повеќе од Мартин, а по него следува Ди Џанантонио со 84.