Чуамени го напушта Реал ова лето

Реал Мадрид донесе голема одлука. Францускиот репрезентативец Орелиен Чуамени не е во плановите на клубот за следната сезона.

Откако се степа во соблекувалната со клупскиот колега Федерико Валверде, кој завршил во болница, францускиот играч од средниот ред Орелиен Чуамени е прецртан од кралскиот клуб.

Извори од Шпанија тврдат дека раководителите на Реал веќе одлучиле да го стават 26-годишникот на трансфер листата.

„Реал Мадрид е спремен да се раздели со Орелиен Чуамени по тепачката со Федерико Валверде“, се наведува и додава:

„Планот е парите од неговата продажба да се искористат за доведување на играчот од средниот ред на Манчестер Сити – Родри.“