Струмица 2001 е нов кошаркарски суперлигаш

Кошаркарите на Струмица 2001 се победници во Првата македонска лига. Во третиот и одлучувачки меч, во кој победникот се стекнува со суперлигашки статус, струмичани синоќа беа за нијанса подобри од својот голем ривал во серијата – екипата на Бутел од Скопје и славеа победа со 81:76.

Струмица со конечни 2-1 ја доби финалната серија.

Димитар Пандев е најзаслужниот што Струмица 2001 се стекна со суперлигашка промоција. Кога беше најпотребно во оваа „мајсторка“ реализираше 30 поени со кои го предводеше струмичкиот тим до крајната цел. Му помогнаа Александровски, кој постигна 17 поени и Јовановиќ кој запре на 11 реализации.

Во гостинската екипа, капитенот Мартиноски даде 15 поени, Андоновски имаше 12, а искусниот Јанески ја заврши сезоната со 10 поени.