Брегалница Штип на чекор до промоција во Првата лига

Екипата на Брегалница од Штип е на една победа од Првата лига, затоа што на гостински терен славеше над ГФК Осогово со 3-0 и пред својата публика ќе игра за првата позиција и шампионскиот пехар.

Штипските „сини“ останаа на врвот, а зад нив е Скопје. Во последното коло, Брегалница игра дома со веќе испадната Победа.

Скопје е на позицијата која води во бараж исто така со 65 бода, откако убедливо со 7-1 го победи Големо Коњари како гостин. Шкендија Арачиново е на третата позиција која исто така води во баражот, откако го доби Новаци пред својата публика со 5-1.