Челзи го официјализира новиот менаџер Чаби Алонсо

Шпанскиот тренер Чаби Алонсо ја прифати понудата на Челзи и во наредната сезона ќе ги предводи „сините“ од Лондон. Премиерлигашот сезонава смени двајца тренери Енцо Марсека и Лиам Росениор, а сезоната на клупата ја завршува Калум Мекфарлан.

Челзи ја објави одлуката за новиот менаџер истиот ден кога доживеа пораз во финалето на ФА Купот од Манчестер Сити и на тој начин остана без учество во европските купови следната сезона.

Веста за постигнатиот договор ја пренесоа повеќе британски медиуми.

Чаби Алонсо оваа сезона ја почна како тренер на Реал Мадрид, но под притисок од фудбалерите доби отказ откако претходно успешно го водеше Баер Леверкузен со кој освои титула во Бундес лигата без пораз.

Инаку, Чаби Алонсо во Премиер лигата настапуваше за екипата на Ливерпул и се очекуваше тој да седне на местото на Арне Слот.