Прекинат натпреварот во Нант, Халилхоџиќ ги смируваше фановите

Хаос избувна во претпоследното коло од француската Лига 1, на натпреварот меѓу Нант и Тулуз кога навивачите упаднаа на теренот и го прекинаа дуелот.
Прекинот се случи во 22-та минута, кога беа фрлени факели на теренот, петарди, топовски истрели.
Потоа ултрасите на Нант влетаа на теренот од сите страни на трибините.
Тие трчаа кон играчите и кон клупата на нивниот тим кој испадна во Лига 2.
Тренерот на Нант, легендарниот Вахид Халилхоџиќ (74) стоеше пред оние чии лица беа скриени со фантомики.
Додека полицајците и редарите брзо ги отстрануваа играчите на двата тима од теренот, Халилхоџиќ едвај го задржаа, бидејќи очигледно сакаше да се соочи со хулиганите.