Саутемптон исфрлен од плеј-офот за влез во ПЛ заради шпионажа

Иако на теренот изборија место во финалето на плејофот за пласман во Премиер лигата, фудбалерите на Саутемптон нема да се борат на Вембли за влез во елитата бидејќи беа прогласени за виновни во сега веќе познатата шпионска афера.

Можност да игра во најскапиот меч во светот (победникот добива 200 милиони фунти), добија фудбалерите на Мидлзбро. ќе се сретне со Хал на Вембли утре.

Мидлсбро побара Саутемптон да биде исфрлен од плејофот откако објави дека бил жртва на шпионажа на тренинг, два дена пред првиот полуфинален натпревар. Клубот изјави како го фатиле аналитичарот на Саутемптон додека се криел во грмушките и го снимал нивниот тренинг.

Саутемптон беше казнет и со одземање на четири бода на почетокот од следната сезона во Чемпионшип.

Финалето е сè уште закажано да се одржи оваа сабота на стадионот „Вембли“. Саутемптон има право на жалба, а комисијата има намера да одлучи за евентуалните приговори до крајот на утрешниот ден, со цел да се обезбеди непречено одвивање на финалниот натпревар.