Само петмина се сигурни од сегашниот ростер кај Чаби Алонсо

Чаби Алонсо, како нов тренер на Челзи, веќе започнал да ја анализира ситуацијата во клубот и да го формира костурот на за следната сезона. Според англиските медиуми тој идентификуваше пет играчи кои ги смета за недопирливи.
Шпанскиот стручњак, кој е нов тренер на „сините“, сака веднаш да воспостави јасна структура и хиерархија во тимот.
Неговата идеја е да го изгради тимот околу докажани и клучни играчи кои можат да се справат со системот на игра на високо ниво.
Според неговата визија, најголемата одговорност ќе биде на капитенот Рис Џејмс, кого Алонсо го гледа како лидер во одбранбената линија и важна алка во организацијата на играта.
Марк Кукуреља е исто така во тој круг на недопирливи. Алонсо верува дека енергијата и дисциплината на Кукуреља можат да бидат клучни во неговиот систем на игра.
Меѓу играчите на кои смета е Мојсес Каиседо, играч од средниот ред кој носи стабилност во средината на теренот.