Карл се повреди и нема да игра на Мундијалот, Нагелсман веќе повика замена

Германската фудбалска репрезентација остана без еден од најталентираните играчи за Светското првенство. Вундеркиндот на Баерн Минхен, Ленарт Карл се повреди на последниот тренинг, пред последниот контролен натпревар.
Селекторот Јулијан Нагелсман потврди дека ситуацијата воопшто не е наивна.
„Карл се повреди на денешниот тренинг. Не изгледа добро. Мора да почекаме дијагноза и да видиме дали ќе може да игра на Светското првенство или ќе мора да повикаме замена“, рече Нагелсман.
Повредата доаѓа во најлошиот можен момент за младиот фудбалер, кој зад себе имаше сезона од соништата во Баерн Минхен. Карл постигна 17 гола на 40 натпревари и со тоа се етаблираше како еден од најперспективните германски играчи.
„Ќе видиме во текот на следната недела. Многу размислував за него во последните месеци“, рече селекторот кога го прашаа дали Карл заслужува место меѓу стартерите.
Потоа го пофали начинот на кој младиот фудбалер се справува со високите очекувања.
„Справувањето со сè што му се случува на таа возраст е еден од најголемите предизвици. Досега, тој се снаоѓа одлично, создава шанси и отвора простор за своите соиграчи.“
Германија со нетрпение ќе ги чека резултатите од прегледот, бидејќи евентуалното отсуство на Карл би било сериозен удар пред почетокот на Светското првенство.
На Светското првенство, Германците ќе играат во група со Курасао, Брегот на Слоновата Коска и Еквадор.