Игнацио Абате пред промоција за тренер на Торино

Торино постигна принципиелен договор за назначување на Игнацио Абате за главен тренер. Се очекува поранешниот дефанзивец на Милан да потпише договор до 2028 година.
Одлуката е донесена по состанокот на спортскиот директор Џанлука Петраки и претседателот Урбано Каиро. Тие се определиле за Абате пред другите кандидати како Иван Јуриќ, Еузебио Ди Франческо и Алберто Џилардино.
39-годишниот Абате има одиграно над 200 натпревари за Милан и освоено неколку титули во Серија А.