Младинската репрезентација на Македонија ги започна подготовките за ЕП во Романија

Машката младинска ракометна репрезентација на Македонија денеска со собирот во Хотел Русија ги стартуваше подготовките за претстојното Европско првенство.

Во рамки на подготвителниот период, репрезентацијата тренажниот процес ќе го реализира во спортскиот центар СЦ „Јане Сандански“, а пред настапот на Европското првенство ќе одигра и три контролни натпревари:

26.06.2026
Македонија – Саудиска Арабија
02.07.2026
Македонија – Грција
05.07.2026
Македонија – Италија

На ЕП кое ќе се одржи во Романија, Макеоднија е во група со Данска, Норвешка и Хрватска, а натпреварите од ова ЕП ќе се играат во Турда и Клуж од 9 до 19 јули.