Анчелоти загрижен за повредата на Рафиња, но најави враќање на Нејмар

Бразилците со убедливи 3-0 ја победија селекцијата на Хаити, но не беше се така розево на овој дуел, се повреди Рафиња кој порано мораше да го напушти натпреварот, сепак по крајот на мечот Анчелоти соопшти и добра вест.

Добрата вест е враќањето на Нејмар кој ќе биде во комбинација за настап на дуелот против Шкотска во последното коло од групната фаза.

„Нејмар утре ќе тренира индивидуално, а во понеделник ќе тренира со тимот. Тој ќе биде подготвен за натпреварот против Шкотска“, соопшти Анчелоти.

Лошата вест е повредата на Рафиња. Мораше да излезе од игра уште во првото полувреме од мечот.

„Рафиња почувствува болка во десната тетива во првото полувреме од мечот против Хаити. Фудбалерот започна со третман и ќе има дополнителни тестови. Кога ќе имаме нови информации ќе споделиме“, информираа од бразилската репрезентација.