Фановите го исвиркаа Хакими заради обвинувањата за силување

Репрезентативецот на Мароко, Ашраф Хакими, се најде во непријатна ситуација на мечот со Шкотска откако беше исвиркан од страна на навивачите.

Причина за тоа е веста која се појави на само неколку часа пред мечот дека играчот на мароканците е обвинет за силување од страна на францускиот правосуден систем.

Во одбрана на дефанзивецот застана неговиот селектор, Мохамед Вахби, кој напомена дека Хакими е значаен дел во играта и дека ја има поддршката од целата земја.