Иранците ќе добијат подолг престој во САД пред натпреварите

„Белата куќа“ размислува за промена на строгите ограничувања за патување наметнати на иранската репрезентација за време на Светското првенство.
Според сегашните правила, иранската репрезентација може да влезе во САД само еден ден пред натпреварот и мора да ја напушти земјата веднаш по истиот.
Ендру Џулијани, извршен директор на работната група на Светското првенство во Белата куќа, рече дека имало „дискусии“ за распоредот за патување на Иран за третиот натпревар од групата против Египет на 27 јуни во Сиетл.