Касемиро потврди дека ќе премине во Интер Мајами

Додека настапува за Бразил на Светското првенство, Касемиро си најде нов клуб откако замина од Манчестер Јунајтед по истекот на договорот.

Касемиро ќе биде нов фудбалер на Интер Мајами, договорот е постигнат, а прашање на време е само кога и официјално ќе биде потврден.

Сите страни дале согласност, останув уште да се потпишат документите.

По пензионирањето на Бускетс, таа позиција остана не доволно квалитетна во тимот на Интер Мајами, па се чини дека Касемиро е вистинското засилување за клубот на Дејвид Бекам.