Пресврт во Торино: Влаховиќ останува уште една сезона во Јуве

Репрезентативецот на Србија, Душан Влаховиќ најверојатно останува да го носи „црно-белиот“ дрес на Јувентус. Веста ја пренесува „Газета дело спорт“, особено што Јувентус е подготвен да понуди едногодишен договор со вредност од осум милиони евра по сезона плус бонуси.
Клубот од Торино е подготвен да разговара и за договор со траење од две години под слични финансиски услови.
Изминатиот период Влаховиќ беше поврзуван со трансфер во други клубови, но ниту еден од нив не понудил услови кои би го привлекле српскиот напаѓач. Токму тоа е фактот што во Јувентус се очекува да потпишат нов договор.
Актуелниот договор на Влаховиќ истекува на крајот од месецот, што значи ако не потпише договор може да замине без обесштетување.