Премиите неисплатени, бунт во сенегалската репрезентација

„Спорт њуз Африка“ во саботата објави дека во кампот на Сенегал се појавиле први сериозни проблеми. Неисплатени бонуси, лоши услови и немање договор за селекторот на репрезентацијата, Папе Тио, беа само некои од проблемите што создале немири околу тимот.
Вчера Сенегал одржа прес-конференција пред натпреварот против Норвешка, а проблемите природно станаа тема на разговор.
– Ова се работи за кои дискутираме интерно. Не вадиме валкани алишта јавно. Ние сме професионални играчи кои треба да го претставуваат својот тим.
– Мораме да го направиме најдоброто што можеме. Точно е дека има некои работи што треба да се решат. Но, и играчите, и јас и Федерацијата сме фокусирани на натпреварот утре. Тоа е најважното нешто“, истакнал селекторот на Сенегал.