Аргентина ја победи Австрија и обезбеди пласман во нокаут-фазата

Аргентина продолжува сигурно да чекори на Светското првенство 2026. По убедливата победа од 3-0 над Алжир на стартот, избраниците на Лионел Скалони вечерва ја совладаа Австрија со 2-0 во Далас и обезбедија пласман во шеснаесетфиналето уште пред последното коло во групата Ј.
Иако не одиграа толку доминантно како на отворањето на турнирот, Аргентинците уште еднаш покажаа карактер и зрелост, стигнувајќи до втора победа во исто толку натпревари.
Главна фигура повторно беше Лионел Меси.
Капитенот на Аргентина не го отвори натпреварот на најдобар можен начин, бидејќи веќе во седмата минута не реализираше пенал досуден по прекршок над Лаутаро Мартинез.
Сепак, Меси не дозволи тоа да влијае врз неговата игра. Продолжи да биде најопасниот фудбалер на теренот и во 38. минута ја круниса својата одлична партија со погодок за водство од 1-0.