Познати 22 учесници во елиминационата фаза на Мундијалот

На Светското фудбалско првенство 2026 што се одржува во САД, Канада и Мексико познати се 22 од 32 репрезентации кои ќе играат во плејофот.

Девет од 16-те двојки за првата плејоф рунда веќе се одредени:

Германија – Парагвај
Франција – Шведска
Јужна Африка – Канада
Холандија – Мароко
САД – Босна и Херцеговина
Бразил – Јапонија
Брегот на Слоновата Коска – Норвешка
Аргентина – Зелено’ртски Острови
Австралија – Египет.

Шпанија, Белгија, Мексико и Швајцарија исто така се пласираа во 1/16 финалето. Нивните противници ќе бидат одредени подоцна.