Александер Усаик се откажа од трите шампионски појаси

Еден од најдобрите боксери во моментот Александар Усик, објави дека се откажува од сите шампионски појаси во тешка категорија.

Непоразениот 39-годишен Украинец беше сопственик на појасите во верзиите на WBC, WBA, IBF, IBO и списанието The Ring, а одлуката ја објави преку видео порака на социјалните мрежи.

„Драги пријатели, денес е одличен ден да ви кажам дека сакам да ги оставам сите појаси што моментално ги поседувам, за да можат момците што чекаат своја шанса да се борат за нив“, рече Усик.

Сепак, легендарниот шампион нагласи дека ова не значи крај на неговата кариера.

„Ги оставам појасите, но не го напуштам боксот. Се уште ме очекува последниот танц“.

Усик им се заблагодари на сите боксерски организации со кои соработувал во текот на неговата кариера.

„Ги почитувам сите организации. Ви благодарам на сите за вашата поддршка. Најдоброто допрва доаѓа. Фала му на Бога за сè“, рече тој.

Со тоа, Усик ќе остане без статус на апсолутен светски шампион во наредниот период, но пред неговото дефинитивно пензионирање, ќе одработи уште еден, проштален меч.