Џереми Пино сериозно се повреди и го заврши Мундијалот

Пласманот на Шпанија во шеснаестинафиналето на Светското првенство дојде со цена, а тоа беше проблемот на Жереми Пино, кој се здоби со незгодна повреда во финишот на дуелот против Уругвај.

Крилниот напаѓач се повреди во 87. минута по еден пад, по што почувствува силни болки во пределот на клучната коска. Иако едвај се движеше, Пино остана на теренот до последниот судиски свиреж бидејќи селекторот Луис де ла Фуенте веќе ги искористи сите пет измени.

По натпреварот, шпанскиот селектор откри дека постои сериозен сомнеж за скршеница.

„Можеби станува збор за скршеница на клучната коска. Многу страдаше, а утре ќе ги направи потребните прегледи. Направи херојски потег што остана на теренот до крајот“, изјави Де ла Фуенте.

Доколку деталните лекарски прегледи ги потврдат првичните сомнежи, 23-годишниот фудбалер ќе го пропушти остатокот од Светското првенство, што би било сериозен удар за шпанската репрезентација.